Dijabetes

ПочетнаОткривањеЛекувањеАнтидијабетициСветски ден

* Знаци на болеста и нејзино откривање *

    Дијабетeсот се дијагностицира со тест на крвта. Вашиот доктор ќе ви направи липиден профил-статус, што го одредува вашиот холестерол и вашето ниво на гликоза. Ако вашeто ниво на гликоза е високo, тоа е индикатор дека  можеби имате дијабетeс. Дијабетeсот исто така може  да биде дијагностициран со едноставен тест на урината што го покажува присустувото на гликоза во урината.

Кои се предупредувачките знаци и симптоми за Дијабетeс?

Предупредувачките знаци за дијабетес, и за Tип 1 и за Tип 2 се слични. Главната разлика е што кај Тип 1 дијабетичари обично болеста се развива многу побрзо. Битно е да се биде свесен за симптомите од дијабетес, бидејќи раната превенција и лекување е најдобар начин да се избегнат постојани компликации.

Според Светската Здравствена Организција се дијагностицира на следниот начин :                                                        
Дијагнозата се поставува врз основа на три или повеќе критериуми :
Обем на струк
кај мажи > 102
кај жени > 88
Триглицериди  1,7 mmol/l
Крвен притисок > 130/85 mmHg или употреба на хипертензивна терапија
HDL Холестерол <1.036 mmol/l  за мажи , < 1.295 mmol/l  за жени
Гликоза > 6.1 mmol/l
Ако имате било кој од овие симптоми подолу, веднаш контактирајте го вашиот доктор:
Други знаци на болеста можат да бидат и :
  1. Честа појава на гнојни мозолчиња по вратот, како и по други делови на телото, кои се повторуваат и не реагираат на вообичаената терапија.
  2. Црвенило со јадеж на полниот орган, што се влошува со миење со сапун.
  3. Зголемен апетит за сите видови храна, а можно е и за слатки.
  4. Бавно зараснување на повредите, посебно на раните што гнојат.


    Горе

    * Оваа страна е наменета за училишни цели и информациите од неа не се валидни *