Dijabetes

ПочетнаОткривањеЛекувањеАнтидијабетициСветски ден

Едукација и употреба на орални антидијабетици
   
Glukometar       Едукацијата на пациентот овозмозува запознавање со болеста, симптомите и начинот на лекување, со што во голем процент се намалува појавата на акутни и хронични компликации. Индивидуалната или групната едукација ја обавува добро обучен персонал на лекари и сестри специјализирани на оваа област. Од особена важност е обучувањето за редовна секојдневна самоконтрола на шеќерот со апаратчиња за домашна употреба (глукометри) особено неопходна кај лица со дијабетес Tип 1, бремени жени, лица на интензивирана инсулинска терапија (базал-болус) и лица со акутни компликации, како и водење на дневник со добиените вредности. Совети за промена на животниот стил во правец на исхраната и физичката активност, нега на стапалата, самоконтролата на нивото на шеќерот, ацетон во урина и микроалбуминурија, исто така се дел од едукацијата.  
 

Оралните антидијабетици, брз основа на нивното дејство се поделени во три поголеми групи и соодветни подгрупи:

1. Во првата група спагаат антидијабетици кои ја стимулираат секрецијата на инсулин од Б клетките, преку нивно сврзување за специфични рецептори. Дејствуваат исклучиво на Б клетките што имаат инсулин, а немаат никакво влијание брз клетките без инсулин, поради што не делуваат кај Tип 1 дијабетот.

2. Во втората група се антидијабетици (метформин, розиглитазон) кои ја намалуваат гликонеогенезата и гликогенолизата, ја зголемуваат инсулинската сензитивност и употребата на гликоза во мускулите и масното ткиво, ја намалуваат ресорбцијата на гликоза во цревата, ја зголемуваат концентрацијата на GLUT транспортерите (GLUT 1, GLUT 2).

3. Во третата група се алфа гликозидазните инхибитори (акарбоза) кои во цревата компетитивно се врзуваат за алфа гликозидазите, го спречуваат кинењето на поли и дисахаридите во моносахариди и на тој начин ја инхибираат или минимализираат ресорпцијата на јаглехидратите во цревата. Делуваат во присуство на храна, поради што се даваат со оброците.
антидијабетици

Горе

* Оваа страна е наменета за училишни цели и информациите од неа не се валидни *