Dijabetes

ПочетнаОткривањеЛекувањеАнтидијабетициСветски ден

* Лекување и самоконтролa *

       Клучот е во тоа што треба да се држи нивото на шеќерот во одредени граници со држење на здрав начин на живот и со шприцување на инсулин. Докторот ќе ви го одреди границите.  Лекувањето на дијабетот претставува сложен и долготраен процес,  чија основна цел е регулирање на шеќерот во крвта, намалување на  симтомите на минимум и спречување на рана појава на акутни и  хронични компликации. Адекватниот третман овозможува здрав и активен живот кај заболените од дијабетес.

Методи кои се  применуваат во современото лекување на дијабетот се:  

   1. Исхрана
   2. Физичка активност
   3. Едукација и самоконтрола
   4. Употреба на орални антидијабетици
   5. Употреба на инсулин

Заболените од диаjбетес треба да избегнуваат слатки или да конзумираат  такви продукти каде шеќерот е субститутуран ( во последниве години има  многу продукти на кои е означено дека се погодни за дијабетичари и се наведени точните лебни единици кои ги содржи продуктот), истотака треба  да се избегнува алкохол како и таканаречените лоши јагленихидрати кои ги има пред се во белиот леб, чипс, помфрит итн.

Самоконтрола
Што добиваме со нормализирање на крвниот шеќер ?

Во текот на болеста, основно е да се грижите само за една работа : крвниот шеќер или гликемијата да ја одржувате во нормални граници, а тоа значи вредностите на гладно да не бидат поголеми од 6 ммол/л, а два часа по јадење до 8 ммол/л.

Зошто е потребно тоа :
Одредување на шеќер во крвта или одредување на гликемија се прави со помош на апаратче за домашна употреба. Контрола на гликемијата треба да се прави наутро на гладно, два часа по ручекот, како главен оброк и пред спиење. Овие правила важат за лицата со дијабетес што се само на диета или на таблети.
Чести контроли треба да правите посебно при :