Dijabetes

Почетна Откривање Лекување Антидијабетици Светски ден

 14 Ноември - Светски Ден на Дијабетот

   Интернационална федерација за дијабет (ИДФ) и Светската здраствена организација (СЗО) вo 1991g. за прв пат го одбележаа 14 Ноември како Светски Ден на Дијабетот. Ова имаше за цел да ја разбуди свеста кај луѓето за дијабетот, честа болест, чиј број на заболени денес изнесува 245 милиони лица, со тенденција за пораст во наредните две децении кога, според статистиката би достигнала до 380 милиони.

Во 1920 година Frederick Banting и Charles Best со своето револуционернооткритие на инсулинот ја променија прогнозата на оваа до тогаш смртоносна болест. Во таа чест, роденденот на Frederick Banting, 14 Ноември е официjално прифатен за ден на дијабетесот. Знакот на едноставен син круг беше усвоен од Здружението за Дијабетес како официјално лого на светскиот ден на дијабетесот. Кругот симболизира живот и здравје, а сината боја го симболизира небото кое ги обединува сите луѓе на светот и воедно е бојата на знамето на ООН.

pribor Според дефиницијата на СЗО, шеќерната болест претставува синдром на хронична хипергликемија што настанува како резултат на недоволно ниво на инсулин во крвта од една страна или пак неможност клетките во човековиот организам да го користат инсулинот за искористување на гликозата како храна. Во сите развиени општества дијабетот е рангиран меѓу водечките причини за слепило, бубрежна инсуфициенција и ампутација на долните екстремитети. Околу 70-80% од луѓето со дијабет умираат од кардио-васкуларни болести.
Дијабетот е четврта или петта причина за смрт во развиените земји, а како епидемија се шири и во земјите во транзиција и земјите во развој.

Заболени во Р. Македонија


 Статистиката покажува дека расте бројот на заболени во Р. Македонија. Секоја година се регистрирани 1000 новозаболени. Речиси 80% од заболените имале Тип 2, а токму овој дијабет може да се спречи со водење здрав живот.Стресниот начин на живот, недоволната физичка активност и неправилната исхрана се главни причинители на оваа болест. Оваа болест во последно време зема голем замав и се смета за болест на модерниот свет. Загрижувачко е тоа што старосната граница за оваа болест се намалува и голем број млади луге заболуваат.
Во Македонија има 100. 000 заболени или тоа се 5% од населението, а статистиката покажува дека оваа бројка секоја година се зголемува.

Горе

* Оваа страна е наменета за училишни цели и информациите од неа не се валидни *