Dijabetes

Почетна Откривање Лекување Антидијабетици Светски ден
               
                Што е дијабетес?

 
      Дијабетeс (исто така наречен дијабетес мелитус) е болест кај која количината на гликоза во крвта е премногу голема. Панкреасот - орган во вашето тело кое е одговорeн за произведување на инсулин е дефектен во произведување или адекватно користење инсулин или и двете, што води кон подигнување на нивото на шеќер.
        Инсулинот е неопходен за претворање на шеќерот во енергија за телотo да може правилно да функционира. Кога овие шеќери не се претворени во енергија, организмот одговара со создавање повеќе гликоза и залиха на масти. Со текот на времето, овие шеќери се акумулираат во крвотокот. Ако болеста остане нелекувана, може да се предизвикаат многу сериозни компликации, вклучувајќи срцева и васкуларна болест, бубрежно, очно и нервно оштетување.
Особено значајно е раното откривање, лекувањето, како и едукацијата на болните и на останатото население.  14 Ноември е  Светски Ден на Дијабетесот.



    Двата главни типови на дијабетeс се:

  • Тип 1 ( исто така наречен јувенилен дијабет) што се развива кај децата и младите. Кај Tипот 1 дијабетес, организмот не создава доволно инсулин или не создава инсулин. Клетките во панкреасот одговорни за оваа функција биле уништени.
  • Тип 2 ( исто така наречен дијабет кај возрасни ) е најпозната форма на дијaбетeс. Кај Tипот 2 дијабетeс, панкреасот не може да создава доволно инсулин, или создадениот инсулин е отфрлен/игнориран од телото. Оваа болест обично се развива кај постарите и дебели луѓе.

    Постојат групи со висок ризик за добивање дијабетес, како што се :

  • Дебели лица (кои се над нормалниот телесен индекс);
  • Лица кои имаат еден или двајца родители или блиски роднини со дијабетес;
  • Жени кои во текот на бременоста имале гестациски дијабетес;
  • Лица родени со голема телесна тежина.


* Оваа страна е наменета за училишни цели и информациите од неа не се валидни *